Како да се вработите под заштитни услови

  1. Home
  2. Uncategorized
  3. Article detail
Како да се вработите под заштитни услови
Woman in a wheelchair working with her colegue.

Дали сте лице со попреченост која сака да се вработи под заштитни услови или компанија која сака да вработи лице со попреченост? Не знаете од каде да почнете? Не грижете се. Во овој пост ќе ви објасниме како и на кој наједноставен начин ќе дојдете до посакуваниот документ кој ќе ви овозможи да се вработите под заштитни услови.

Подолу ви е дадена листа на документите која ви ја дава фондот за пензиско и инвалидтско осигурување. Не сите документи ви се потребни.

Потребни документи за вработување под заштитни услови 

За да можете да се вработите под заштитни услови прво морате да бидете во работен однос.

Листата на потребните документи ви ја даваат од страна на фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Под секој документ имате дополнително објаснување и информации доколку ви требаат дополнителни документи или од каде да го извадите.

Подолу ви се дадени документите потребни да го остварите ова право.

  • Барање (се издава во фондот за пензиско и инвалидтско осигурување)
  • Работна книшка (оригинал на увид и фотокопија)

Доколку не сте биле во работен однос ова не ви е потребно.

  • Извод од матична книга на родени или лична карта (фотокопија)
  • Потврда за од агенција за вработување (за лица кои не се во работен однос)

Ова го обезбедува вашиот работодавач.

  • Образец 3 ( се издава одд матичниот лекар) задолжително да биде напишана заверен со округол печат од здравствена организација, факсимил од матичен лекар, потпис и дата на издавање – оригинал

Со образецот е потребно да доставите медицинска документација (наод и мислење) од невролог за попреченоста наведена во образецот.

Доколку документацијата ви е стара потребно е да доставите и нова документација заедно со новата.

Во овие документи спаѓаат и сите останати болести коишто се наведени во образецот.

  • Преглед листа за стаж (се издава во фондот)

Ова го обезбедува вашиот работодавач.

  • Фотокопија од решението од ФПИОМ (доколку барањето не е по прв пат) 
  • Препорака од агенција за вработување на РМ – за вработување по член 2

Ова го обезбедува вашиот работодавач.

  • Систематизација на работното место.

Овој документ ви го дава вашиот работодавач.

Dejan Mitev

Author Since: October 25, 2022

Leave Your Comment