Воглавном, заради општествените околности во однос на статусот и можностите на инвалидните лица во државата, единствена шанса да учествувам во општествениот живот и да дадам свој личен придонес, беше можноста да отворам свој бизнис и согласно личните предиспозиции, желба и интерес да успеам да се носам со предизвиците што ги бара деловното работење повеќе од 20 години во мојот град Свети Николе.
Но неизостана и помошта и понудата од јавно претприајтие во мојот град, кое без било какви предрасуди ми овозможи да покажам и докажам дека можам успешно и професионално да се носам со обврските кои ми беа зададени и тоа: подготвување на фактури за наплата, следење на наплатата, телефонски контакти со странките заради поуспешна наплата и сл.
Мојата девиза е секогаш кога можеш “помагни”, за да може да очекуваш помош.
Моето обраќање до општестевно одговорните компании и индивидуални бизниси: “Ако Вие ја покажувате својата добра општествена и хумана намера кон државата, бидете сигурни дека и јас можам да бидам Ваша подршка и помош во реалзиација на Вашите активнoсти и добри намери”.
Ангажирајте ме како Ваш Call-agent, а јас ќе направам се Вие да бидете задоволни од резултатите.