Водечките светски компании како Кока Кола, Старбакс, ИБМ, ЈП Морган, САП и многу други во своите годишни анализи за 2020г покажале дека како резултат на ангажирање на Лица со физичка или телесна попреченост им се зголемиле приходите за 28%, а работните процеси се подобриле дури за 30%.
Анализите одат дотаму што лицата со физичка или телесна попреченост покажале поголема продуктивност во однос на останатите вработени, што допринело да се поттикнат, а со тоа и целокупно се зголемила продуктивноста. Заради својата социјална одговорност и недискриминирачки пристап, нивните производи и услуги биле уште подобро прифатени од страна на потрошувачите.
Следејќи го светските трендови македонскиот старт ап Бест Онлајн Асистент креираше иновативна онлајн платформа за купопродажба на дигитални услуги, преку која лицата со телесна попреченост (лица во количка, слепи лица, глувонеми, лица со церебрална парализа итн) ќе можат да работат од својот дом и притоа да не се соочуваат со отежнатото пристигнување на работното место или пак неможноста тие да напредуваат по вертикална линија во компанијата само затоа што имаат Лица со физичка или телесна попреченост.
Преку оваа платформа не само што е овозможено на овие лица да добијат стручна едукација и да најдат работа, туку на компаниите им се овозможува да ангажираат квалификувани онлајн асистенти од различни области (дигитални маркетери, ИТ експерти, деловни асистенти, преведувачи, креатори на текстови, работници за кол центар итн), а со тоа и да ја зголемат ефикасноста во своето работење, како и да ги намалат трошоците во одредени сектори, а истовремено да дадат вистински пример во македонската деловна заедница и да покажат високо ниво на општествена одговорност.
Фондот за иновации и технолошки развој веднаш ја препозна вредноста на оваа платформа, и ја поддржа, а Бест Онлајн Асистент успеа да добие и 2 светски номинации за награда и тоа за: најдобар бизнис модел за вработување на лица со попреченост и најдобар бизнис модел за достапност.
Радува фактот што и многу македонски компании веќе покажаа интерес за користење на услугите преку оваа платформа.
Бренд Солушн Дооел е креатор на платформата Бест Онлајн Асистент.
Вработувањето на лицата со попреченост отсекогаш бил голем проблем насекаде низ светот – дел заради инфраструктурата, а дел заради стереотипите, но едно е јасно секој заслужува еднакви шанси!
Leave Your Comment
You must be logged in to post a comment.