Саем за поддршка на социјално одговорни претпријатија

  1. Home
  2. News
  3. Article detail
Саем за поддршка на социјално одговорни претпријатија

👉 Best Online Assistant продолжува да ги освојува симпатиите, овојпат на министерката Јагода Шахпаска и на Вицепремиерот Fatmir Bytyqi.
❤Денеска се одржа првиот Национален саем на социјални претпријатија во Скопје, на кој Бренд Солушн зема учество каде пред присутните ги претстави услугите кои ги нудиме преку „Online Assistant„ и „Инклузивика„ како и заложбите кои ги правиме во насока на еднаквост, достојна работа за сите и едукација за сите.
Особено значајна е социјалната компонента односно вклучувањето на ранливите категории граѓани и тешко вработливите лица на пазарот на труд.
👉Во таа насока добивме и понуда и покана да учествуваме во креирањето на стратегијата за ангажирање и вработување на лица со попреченост.
💪Учеството на овој саем резултираше со:

  • 4 нови лица пријавени за обука,
  • Понуда за користење на простор за идните обуки и едукации од страна на Националениот центар за поддршка на социјалните претпријатија,
  • Вклучување во креирање на стратегија за вработување на лица со попреченост.
  • Share:

Leave Your Comment