Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршен час на обуката за онлајн асистенти на лицата со телесна попреченост

  1. Home
  2. News
  3. Article detail
Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршен час на обуката за онлајн асистенти на лицата со телесна попреченост

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на завршниот час на обуката на лицата со телесна попреченост за први онлајн асистенти во земјава во организација на македонската компанија Бренд Солушн Дооел.

На настанот којшто се одржа во „ЕУ за тебе“, канцеларијата на ЕУ, присуствуваа и заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Џулијан Васало и претставникот на Фондот за иновации и технолошки развој, Искра Лазарова.

Компанијата Бренд Солушн Дооел ја има креирано платформата “Бест онлајн асистент” за купопродажба на дигитални услуги која на едно место ги поврзува претпријатијата како купувачи на услуги и квалификувани лица со телесна попреченост како даватели на услуги. Преку оваа платформа 10 лица со телесна попреченост се првите кои ја завршија 16 неделната обука и ќе бидат првите даватели на дигитални услуги. Со платформата им се овозможува директна промоција на талентите и способностите на лицата со телесна попреченост пред компаниите, пред организациите и пред јавноста, а дополнително ја зголемува и свеста во општеството за нивна инклузија.

На завршниот час претседателот Пендаровски имаше можност да се запознае со значењето и постигнатите резултати на платформата, а учесниците на обуките ги споделија своите импресии од стекнатите знаења и можностите за вработување.

Компанијата Бренд Солушн Дооел, оваа година стана единствен едукативен центар за маргинализирани групи и ранливи категории, за дигитални вештини и продажба во земјава со можност за доделување на сертификати верификувани од страна на Центарот за образование на возрасни.

  • Share:

Leave Your Comment